Драма на кровот од Детска клиника, полицијата спречи самоубиство, една жена е мртва

09.01.2015 23:14

Момчето се заканувало дека ќе се самоубие, откако најверојатно ја задавило својата девојка, исто на кровот од клиниката...

Вистинска драма вечерва се случувала на кровот од Клиниката за детски болести во Скопје. По неколку часовни преговори, преговарачот на Единицата за специјални задачи со помош на Алфите, спречија самоубиство на момче од село Петровец, родено 1992-ра година, дознава МРТ од извори на полицијата.

Момчето се заканувало дека ќе се самоубие, откако најверојатно ја задавило својата девојка, исто на кровот од клиниката.

Околу 20.40 часот, полицијата добила дојава дека на кровот од болницата има машко лице кое сака да се фрли. Притоа, од страна на Алфите, во негова непосредна близина забележано е женско тело во безсознание, која според информациите на полицијата најверојатно била давена од страна на машкото лице, со кое се претпоставува дека била во љубовна врска.

Од полицијата велат дека имало обид за реанимација на женското лице во Ургентниот центар, но бил безуспешен. Девојката, родена 1982 година, е исто така од село Петровец.