Јован Вранишковски ќе биде ослободен на Водици

10.01.2015 10:29

Директорот на КПУ Идризово побарал Вранишковски да биде ослободен бидејќи се ресоцијализирал и со одлежувањето на половина од затворската казна го стекнал правото за тоа...

Јован Вранишковски ќе добие условен отпуст и ќе биде ослободен на 19 јануари, Водици, доколку ниту една странка не упати жалба за решението на Кривичниот суд, кое е донесено по предлог на директорот на КПУ Идризово.

Од КПУ Идризово побарале Вранишковски да биде ослободен бидејќи се ресоцијализирал, а со одлежување на половина од затворската казна го стекнал правото за тоа.

Вранишковски веќе три години и два месеца е во затвор. Неговата казна била 5,5 години затвор.

Претходно МПЦ-ОА побара помилување на Јован Вранишковски.