Спасов ќе ги посети децата од семејствата во социјален ризик кои се на зимување во Пелистер
10.01.2015 10:41
Министерот Спасов попладне ќе престојува во Прилеп, каде ќе го посети Дневниот центар за деца од улица...

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ќе ги посети децата кои се на зимување во детското одморалиште Пелистер, во Битола, во рамки на Проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, министерот Спасов попладне ќе престојува во Прилеп, каде ќе го посети Дневниот центар за деца од улица.
