Време е за спектакл во Нант

10.01.2015 13:57

Моќната Франција е вистинскиот тест за квалитетот, подготвеноста и можностите на нашите ракиометари. Можеби дуелот со една од најдобрите светски селекции не доаѓа во вистински момент...

Се е подготвено за голем ракометен спектакл во Нант,како најдобра најава за претстојното светско првенство во Катар.Актуелниот олимписки,европски и 4-кратен светски првак Франција против мотивираната,желна за успеси македонска репрезентација. Се чини и нема поубава најава за претстојниот мундијал на истокот,ниту пак подобра последна контрола за нашите ракометари пред светското на кое патуваат со многу амбиции.

Моќната Франција е вистинскиот тест за квалитетот, подготвеноста и можностите на нашите ракиометари. Можеби дуелот со една од најдобрите светски селекции не доаѓа во вистински момент,без оглед што турнирот е пријателски и подготвителен, јасно е дека французите ќе одиграат максимално,особено што ХХЛ центарот во Нант е комплетно распродаден и 10 и пол илјади французи не очекуваат ништо друго освен победа на нивните миленици,па станува јасно дека против Франција нашата селекција нема да може да пробува тактички варијанти, ќе мора да одигра максимално, за да му се спротивстави на фаворизираниот домаќин.Не само успесите туку и составот на французите сам по себе е инспирација.

Омејер и натаму блеска на голот,Фернадес ,постариот Карабатиќ и Порте формираат неверојатна задна линија, а пред нив на 6-те метри се Сораиндо,помладиот Карабатиќ и Онрубија,Гигу и Жоли на крилните позиции. Вистински тест за Кире, Борко, Вуги, Мојсо и сите други во црвено-жолтиот дрес, но и шанса за гледачите на македонската телевизија да уживаат во врвен ракометен спектакл.

Откако двете селекции вчера демонстрираа моќ и супериорност во полуфиналните дуели, големото финале е предизвик и ексклузива на првиот програмски сервис од 18 часот.