Акциска контрола на УЈП, МВР и Пазарна инспекција

Казнети 10 угостителски објекти во полошко

10.01.2015 16:11

Во 10 угостителски објекти во Тетово и Гостивар надлежните констатираа неправилности во работењето при вчерашната акциска контрола на УЈП, МВР и Пазарната инспекција. Сите ќе се соочат со соодветни казнени мерки...

Акциската контола била спроведена во 12 угостителски објекти од кои осум во Тетово и четири во Гостивар.

Целта била откривање прекршоци согласно Законот за заштита од пушење, како и  откривање нерегуларности во работењето на угостителските објекти во надлежност на Управата за јавни приходи и Државната пазарна инспекција.   

При контролите констатирани се нерегуларности и изречени се казнени мерки на 10 угостителски објекти, додека во два од кои еден во Тетово и еден во Гостивар не се констатирани никави прекршоци.

„Констатираните пропусти и недостатоци во синоќешните контролни активности, санкцонирани се со седум забрани за вршење дејност, шест глоби, два платни налози и една едукација на управител во однос на законот за пушење. Глобите за констатираните прекршоци се движат од 750 до 2500 евра, додека платните налози ќе тежат од 400 до 750 евра“, изјави Маријан Јосифовски – Портпарол на СВР Тетово.

Акциската контрола, вчера вечер во периодот од 21 до 24 часот, ја спровеле полициски службеници од МВР во содејство со полициски службеници од СВР Тетово и надлежни инспекциски служби при УЈП и Државната пазарна инспекција.

За време на новогодишните празници, од 2 до 8 овој месец, во ваквите контроли биле опфатени вкупно 91 угостителски објект. Во 40 од нив биле регистрирани неправилности во работењето.

 

Зоран Јованоски