Расте радикалниот исламизам

Белгија - расадник на екстремниот исламизам во Европа

10.01.2015 16:25

Во Европа се повеќе расте радикалниот исламизам. Поселдица на тоа е и терористичкиот напад врз парискиот „Шарли Ебдо“. Сепак Белгија, процентуално пресметано, по глава на жители прединачи во бројот на осомничени и потенцијални терористи. Пред скоро четрири месеци во оваа држава започна најголемиот судски спор против тероризам...

Терористичкиот напад на парискиот „Шарли Ебдо“ ги потресе столбовите на безбедност и заштитата на стариот континент. Само за потсетување минатата година во еврејскиот музеј во Брисел на сличен начин загинаа четворица туристи. За тоа колку е Европа сигурна од глобалноиот тероризам, и кој се всушност тие луѓе, за Македонската телевизија говори  познатиот репортер од „Волстрит журнал“,  долгогодишен истражувач на оваа појава, Метју Далтон.

„Понекогаш тие се поврзани. На пример, лицето кое е осомничено за нападот во Бриселскиот музај, бил борец за ИСИС во Сирија. Тој настан, беше повик за будење на европските служби за безбедност. Тие вложуваат напори да обезебдат заштита и брза детекција. Сеуште има пропусти, но секако дека даваат се од себе да ги сопрат овие луѓе“, вели Далтон.

Според извештаиите на Европската Унија за борба против тероризмот во мометов во Сирија и во Ирак на страна на исламистите војуваат над 3.500 Европјци. Белгиските власти проценуваат дека повеќе од една десетина на т.н. божји борци се од Белгија. 350 до 400 радикални исламисти на население од 11 милиони ја прави Белгија расад на екстремен исламизам во Европа

„Прво место на кое се појави овој феномен беше во Антверпен. Од таму т.н. група Шеријат за Белгија, го пратија првиот бран борци во Сирија во 2012 и 2013 година. И тие се всушност првите Европејци кои учествуваат во граѓансаката војна во Сирија“, објаснува Далтон.

Пред четири месеци во Антверпен започна најголемиот судски спор за тероризам во историјата на Белгија. 46 луѓе се осомничени за припадници на оваа терористичката организација.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ