Деца од ранливите категории на Пелистер споделуваат зимски радости
Зимски радости и детска смеа на Пелистер. Вкупно 1.000 деца од ранливите категории во земјава оваа зима ќе имаат можност да се дружат и да уживаат во зимскиот одмор. Ова е владин проект за бесплатно зимување на овие деца. Во две години во зимските и летните радости уживале 8.000 деца. Само оваа зима 1.000...

260 деца од земјава моментално уживаат во снежните убавцини на Пелистер. Така ќе биде целата зима за вкупно 1.000 деца од семејства во социјален ризик, приматели на социјална помош, за децата без родители и со пречки во развојот. Тие ќе ги споделуваат зимските радости.
Веќе две години министерството за труд и социјална политика бесплатно им овозможува да зимуваат но и да летуваат во македонските одморалишта.
„Досега оваа бесплатна услуга, односно право на бесплатен одмор имаат околу 8.000 дечиња. Заедно со оваа зима вкупно ќе бидат опфатени околу 9 000 дечиња“, вели Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Битола се погрижи да нема проблеми со патиштата и пристапот до Пелистер. Средено е свлечиштето и непречен е пристапот до детското одморалиште и до „Молика“.
„Преасфалтиравме голем дел од патот кој се однесува на поврзување на патот од Трново до магарево и е санирано сето она што беше проблем да се стигне“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Владиниот проект за бесплатен одмор на децата од ранливите категории ќе продолжи и на лето. Уште две илјади деца чии родители не може да им овозможат одмор, дравата бесплатно ќе ги прати на летување.
Елизабета Митреска
