Македонија меѓу ТОП 10 дестинации на „Њујорк тајмс“ кои годинава треба да се посетат

10.01.2015 16:41

На листата од 52 земји во светот, Македонија се најде на високото десетто место, веднаш зад Италија, Куба, Филаделфија, Чиле и Сингапур...

Македонија- следната балканска дестинација која во 2015-та година задолжително треба да се посети, препорачува престижниот „Њујорк тајмс Травел“ во најновото издание.

На листата од 52 земји во светот, Македонија се најде на високото десетто место, веднаш зад Италија, Куба, Филаделфија, Чиле и Сингапур.

Според американскиот весник, Македонија е  најактуелната и најатрактивна балканска дестинација, позната по своите природни убавини, бројните манастири и бистрото Охридско Езеро.

Искачувањето на Шар Планина, која наликува на Алпите е задоволство за секој авантурист, виното произведено од локалните винарии го мами секој љубител на добрата капка, а традициналната кујна со врвните специјалитети се вистинско доживување за секој гурман, вели Тим Невил, авторот на текстот.

Во претставување на земјата новинарот, на посетителите им ги препорачува   пастрмајлиите и традиционалните супи. Крушево, пак, е посебна авантура, новите туристички капацитети и ниските цени, се поттик да се посети ова туристичко гратче.

Во рамките на текстот авторот дава и линк преку кој заинтересираните можат да добијат детални информации за можноста да ја посетат Македонија.

 

Марија Петковска