Драма на покривот од Детската клиника: Спречен обид за самоубиство на убиец
Полициските Алфи и преговарачкиот тим на единицата Тигар неколку часа го предомислувале да се откаже од намерата да скока од зградата. Пожарникарите местеле балон за превенција...

По долга вербална расправија, 22 годишното момче со голи раце ја задавил медицинска сестра на Детската клиника, во затворениот дел од покривот. Потоа сакал сам да си пресуди, но, полицијата го спречила во намерата. Најверојатна причина за драмата била љубовна врска.
„Двете лица и претходно се познавали. Приведениот кажал дека неколку пати се среќавале на истото место, но причините сеуште не се познати. Истиот денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител“, изјави Марија Јаковлеска, портпарол на МВР.
Случајот го пријавило обезбедувањето на клиника, а тој пак дознал од случаен минувач. Полициските Алфи и преговарачкиот тим на единицата Тигар неколку часа го предомислувале да се откаже од намерата да скока од зградата. Пожарникарите местеле балон за превенција.
Синоќешната драма завршила по симнувањето на осомничениот од покривот на што му претходело неколу часовно вербално убедување со полицијата.
Алфите веднаш го привеле во полициска станица каде што го признал убиството и посочил дека и претходно со убиенета се среќавале на истото место. Ја извкле и медицинската сестра. Лекарите и детска клиника и од Карил се обиделе да ја анимираат, но без успешно. За немилиот настан сведоичи и директораката на Детската клиника, Аспаизја Софојанова.
„Заедно со полицијата и Алфите го видовме починатото тело и веднаш го однесовме во одделот за интензивна нега, веќе во лифтот почнавме реанимација. Овој човек не носел никакво ладно оружје, ниту пак носел нешто во себе што би алармиларо, ниту пак сестрата алармирала“, изјави директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова.
Осомничениот бил чест гостин на Детската клиника, па затоа и обезбедувањето не се посомневало дека може да се случи трагедија.
Наташа Гркова-Петрушевска
