Вранишковски можно е на Водици да излезе од Идризово

10.01.2015 17:34

Ваквата одлука, како што стои во соопштението од судот е донесена врз основа на предлогот доставен од првиот човек на КПУ Идризово, на 25-ти декември. Еден од аргументите како што стои во образложението е што Вранишковски има одлежано повеќе од половина од казната...

За расчинетиот владика на ПОА, Јован Вранишковски, Кривичниот совет на одделението за организинаран криминал, донесе одлука за условен отпуст. Доколку во наредните 8 дена одлуката не биде оспорена, Вранишковски на 19 јануари ќе излезе од КПУ Идризово. Условниот отпус ќе трае до 23-ти март 2017-та. До овој датум Вранишковски не смее да направи друго кривично дело. Има обврска да се пријави во Службата за внатрешни работи во местотото на живеење.

Ваквата одлука, како што стои во соопштението од судот е донесена врз основа на предлогот доставен од првиот човек на КПУ Идризово, на 25-ти декември. Еден од аргументите како што стои во образложението е што Вранишковски има одлежано повеќе од половина од казната.

Во образложението стои дека Вранишковски одлежал повеќе од половина од казната која изнесува 5 години и 5 месеци.

Другите аргументи врз основа на кои била донесена одлуката биле здравствената  состојба на Вранишковски и добрите карактеристики кои стоеле во молбата од Идризово. Успешна ресоцијализација и примерно однесување со кое се издојувал од другите затвореници.

Еден од условите за одмрзнувањето на статус- кво позицијата во односите меѓу СПЦ и МПЦ од српската страна беше ослободувањето на расчинетиот владика кој што во Идризово одлежува казна поради перење пари и други приноси од казниви дела.

Дали доколку Вранишковски на Водици излезе од затвор, ова ќе биде првиот чекор во  нормализирањето на дијалогот од којшто МПЦ очекува да биде признаена. Иницијативата за почеток на преговори меѓу двете цркви ја потегна влијателниот руски вчадика Иларион Алфеев кој во земјава се сретна со државните и црковните власти.

Виолета Димовска