Проширен антитерористичкиот план- потребна е мобилизација на институциите
Од терористичкиот напад врз сатиричниот неделник во средата изутрината, кој ја потресе Франција и светот, конечниот биланс е 17 жртви и тројца убиени џихадисти, како и повеќе ранети граѓани и припадници на силите на редот. Ова е најкрвавиот терористички акт во Франција во последните педесет години...

Франција останува на истото ниво на антитерористичкиот план, кој ќе биде и засилен е главниот заклучок на петтиот кризен состанок за само 72 часа во Елисејската палата.
„Важно е да планот Вижипират кој е подигнат на повисоко ниво за парискиот регион и остатокот на земјата (по настаните во средата) да биде засилен во текот на идните недели“, нагласи Бернар Казенев, министер за внатрешни работи.
Бидејќи како што предупреди и лично претседателот Франсоа Оланд во синоќешното обраќање до Нацијата: „Франција иако е свесна дека успеа да се соочи со тероризмот и покрај силите на редот способни на храброст и подвизи. Франција не заврши со заканите на кои е изложена. Затоа ве повикувам на на внимателност, единство и мобилизација“.
Од терористичкиот напад врз сатиричниот неделник во средата изутрината, кој ја потресе Франција и светот, конечниот биланс е 17 жртви и тројца убиени џихадисти, како и повеќе ранети граѓани и припадници на силите на редот. Ова е најкрвавиот терористички акт во Франција во последните педесет години.
„Смртта на џихадистите беше неизбежна“, оцени премиерот Мануел Валс, со оглед на фактите, но притоа тој призна дека постојат „пропусти“ во начинот на кој беа третирани информациите со кои располагаа тајните служби, ова најмногу поради големиот број на жртви.
Имено сите тројца терористи им биле познати на француските служби. Хајат Бумедијен, девојката на Амеди Кулибали, се уште е барана од сите француски безбедносни служби, во рамките на истрагата за престрелката во четвртокот изутрината во која беше убиена службеничка на општинската полиција во Монтруж.
Во истрагата се дојде до констатацијата дека тројцата терористи имале постојани и чести контакти, инидректно преку сопругите на Шериф Куаши и Амеди Кулибали, објасни обвинителот на Париз. Ако Хајат Бумедијан е во бегство, сопругата на Шериф Куаши, Изана Хамид е во притвор од средата.
Одлуката истовремено да се изврши нападот за ослободување на заложниците е донесена од претседателот Оланд, бидејќи беше утврдено дека терористите биле поврзани и Кулибали се заканувал дека ќе ги убие другите заложници ако им се случело нешто на браќата Куаши и тој ја минирал самопослугата.
Според признанијата кои двајцата ги дадоа за телевизијата БФМ ТВ, тие потврдиле дека биле припадници, браќата Куаши на Ал Каида од Јемен, додека Кулибали на Исламската држава. Тие исто така поврдиле дека нивниот напад бил палниран и синхронизиран.
Утре на повик на полтичките партии, синдикатите и здруженијата на граѓани се предевдидува „Републикански марш“ во знак на сеќавање на загинатите во терористичките акти кои ја потресоа Франција.
„Потребно е да се мобилизираме. Тоа ќе биде случај утре во многу градови во Франција и во Париз, тоа ќе биде манифестација која ќе остане запаметена, на единството и достојноста на францускиот народ, кој ќе ја изрази својата љубов за слободата и толеранцијата. Дојдете бројни“, пореча Мануел Валс.
Премиерот притоа осигура дека Француската влада презеде драстични безбедносни мерки за манифестациите, бидејќи во Париз се очекуваат повеќе европски шефови на држави и влади.
Но, уште денес низ повеќе француски градови се одржаа спонтани Републикаснки маршеви, како во Ница, Нант, Кан, Олеан итн.
По периодот на жалост и засилување на безбедносните мерки, Франција и нејзините власти ќе мораат да најдат одговор за многу прашања кои беа отворени овие неколку денови, а ќе бидат отворени и други со истрагата која се најавува како долга.
Тони Гламчевски
