Компаниите да не плаќаат за одјава на фискалните апарати!
Ставрески рече дека се преземени мерки и на фирмите производители на фискалните апарати им е укажано дека тоа не смее да се случува, бидејќи нема никакви реални трошоци за одјавување на апаратите, и дека тоа ја нарушува пазарната конкуренција...

Компаниите на кои фирмите производителите на фискални апарати ќе им побараат дополнително да платат за одјавување на фискалните каси треба да ја информираат Управата за јавни приходи, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според него, уцени не смее да има.
Ставрески рече дека се преземени мерки и на фирмите производители на фискалните апарати им е укажано дека тоа не смее да се случува, бидејќи нема никакви реални трошоци за одјавување на апаратите, и дека тоа ја нарушува пазарната конкуренција.
На производителите на фискалните апарати им порачувам да конкурираат во една пазарна економија само со цената и со квалитетот. Не смеат да ги уценуваат фирмите, ниту пак да им бараат дополнителни трошоци за одјавување доколку сакаат да се префрлат од еден на друг производител. Мора да бидат ставени на пазарот кој се базира на квалитетот на фискалниот апарат и на цената, изјави Ставрески.
