Хиршер продолжува со доминацијата во алпско скијање
Тоа беше четврта велеслаломска победа за 25 годишниот Австриец до која извозе со предност од секунда и 23 стотинки во однос на Французинот Алексис Пинторо...

Мaрсел Хиршер обезбеди уште една убедлива победа во алпско скијање, откако во Аделбоден дојде до својата 6 победа сезонава. Тоа беше четврта велеслаломска победа за 25 годишниот Австриец до која извозе со предност од секунда и 23 стотинки во однос на Французинот Алексис Пинторо, кој беше за половина секунда побрз од Хенрик Кристоферсон од Норвешка. Хиршер ја постигна вкупно 28 – та победа во кариерата во светскиот куп, со која се зацврсти на лидерската позиција во велеслаломот со 460 бода, пред Американецот Тед Лигети со 322.
Во генерален пласман Хиршер сега има 776 бода, или 152 повеќе од Норвежанецот Кјетил Јансруд. Утре во швајцарскиот зимски центар Аделбоден ќе се вози слалом, каде што одново главен фаворит е Марсел Хиршер, освојувач на малиот кристален глобус во таа дисциплина претходните две сезони.
