Пораз за надеж, не за разочарување
Првото полувреме целосно им припадна на актуелните европски и олимписки шампиони со 18-8 по 30 минути, но нашата селекција одигра одлично второ против фаворизираниот противник, па разликата остана идентична на крајот...

Пораз на нашата најдобра ракометна репрезентација во последниот подготвителен натпревар пред настапот на светското првенство во Катар. Во финалето на турнирот во Нант нашите ракометари загубија од домаќиниот Франција,на крајот убедливо со 30-20,веројатно очекувано,иако конечниот резултат не ги отсликува комплетно настаните на теренот.
Првото полувреме целосно им припадна на актуелните европски и олимписки шампиони со 18-8 по 30 минути, но нашата селекција одигра одлично второ против фаворизираниот противник, па разликата остана идентична на крајот.
По почетното водство на Македонија со 2-1 на стартот, следуваше период од 10 минути без постигнат гол,серија на Франција од 7-0 што се покажа клучна за резултатот на полувремето,за во второто нашите ракометарио да одиграат многу поквалитетно,пред се во одбраната и да бидат безмалку рамноправни.
Кире Лазаров беше најефикасен на средбата со 8 погодоци,Стоилов постигна 3,додека кај французите одново блескаше Карабатич со 4 гола колку и Сораиндо и Жоли,но и со многу асистенции,како и голамнот Омејер кој во првото полувреме запиша 8 интервенции.
Пораз на македонската репрезентација кој не смее да разочара, особено по играта во вториот дел, пораз од кој може да се извлечат многу поуки, но и да се зголеми самодовербата без оглед на резултатот.
Резултатите впрочем се очекуваат на светското првенство во Катар, уште на првиот меч против Тунис на 16-ти јануари,а дотогаш време за аклиматизација по утрешното патување на македонската селекција во Доха.
