Србија ја очекува тешка економска година
Деновиве српските медиуми одеа со веста како во Србија се намалуваат пензиите, а во Македонија тие се покачуваат. Покрај ова Србија во реформската 2015-та ја очекуваат и отпуштања...

Нашите се пониски, а на македонците се поголеми пензиите. Насловите во српските медиуми ги прикажуваат очекувањата за 2015-та, кои започнаа со намалување на платите за 10% и пензиите во просек за 5 %. Економистите сметаат дека реформите на премиерот Вучиќ- со овие мерки и со стегање на ременот, дури во 2018 г ќе можат да го сопрат зголемувањето на јавниот долг на 80% од БДП. Тој годинава ќе изнесува 70%.
„Реформите се добри, но неможеме да очекуваме дека тие ќе го намалат јавниот долг. Јавниот долг е проблем кој ќе треба да се решава“, вели Сијка Пиштолова-економски аналитичар, уредник на „Energyobserver“.
Годинава се најавуваат и отпуштања.Иако официјално не се соопштува бројот на државните службеници кои ќе останат без работа, тој треба да се намали за 5 отсто или без работа би можеле да останат 27 илјади лица. Згора на тоа, 188 фирми со околу 5.000 лица ќе отидат во стечај!
„Србија има начин да излезе од кризата- со продавањето на фирмите што нешто вредат. Тоа е Железарата во Смедерево и Телеком. Без продавањето на ова благо-таа неможе да очекува ништо“, додава Пиштолова.
Вчера американската компанија Есмарк достави понуда за купување на Железарата-која остварува 0,7 отсто од срскиот БДП. Покрај Телеком, според владините мерки, вкупно 512 претпријатија треба да се приватизираат.
Динарот и во Новата 2015 продолжи да паѓа, а веќе се најавуваат нови поскапувања на храната за 2-3 отсто. Се очекува да поскапи и струјата. Граѓаните се повеќе го стегаат ременот. Очекувањата од реформите се големи. 2015 ќе покаже колку се тие и реални.
Оливер Бранковиќ
