Метео

11.01.2015 16:50

Tемпературите нагло ќе опаднат во споредба со денешните...

Почетокот од новата работна седмица ќе ни донесе значителна промена на времето. Утре уште во раните утрински часови нашето подрачје ќе биде зафатено со снежни врнежи кои ќе условат формирање на нова снежна покривка и засилен северен ветер кој што ќе достигне брзина до 70 км на час и ќе предизвика појава на снежни наноси.

Tемпературите нагло ќе опаднат во споредба со денешните. Од вторник не очекува сончево време.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...