Марш на солидарноста во Париз: Меѓународната заедница покажа дека е здружена во борбата против тероризмот
Париз е град на солидарноста. Милион луѓе се собраа во борба против тероризмот. На маршот дојдоа шефови на држави и влади, меѓу европските лидери е германската канцеларка Меркел, британскиот премиер Камерон...

Досега невидена мобилизација во Франција. Париз денес е престолнина на светот, околу педесетина шефови на држави и влади дојдоа за да ја изразат нивната солидарност со Франција и да им изразат почит на загинатите во терористичките акции.
Но, не само во Париз, туку и низ цела Франција, како овде во Нанси, милиони французи учествуваат на републикансиот марш. Во Париз, покрај претседателот Оланд од плоштадот на Републиката до плоштадот на Нацијата, заедно со него маршираа педесетина шефови на држави и влади, како Ангела Меркел, Дејвид Камерун,Мариано Рахој, Матео Ренци, кралот на Јордан, Абдалах Втори и неговата сопруга, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинксиот претседател Махмуд Абас. На маршот во Париз беше претставен скоро целиот регион, како на пример, турскиот премиер Ахмет Давотоглу.
Целокупната француската политичка класа се појави на улиците во Париз, освен Марин Ле Пен која манифестираше во провинциски град, а поранешните претседатели, Валери Жискиар д’Естен и Жак Ширак поради здраствени причини не се појавија на маршот.
„Дојдов да манифестирам за слободата на изразување, ги гледате моите убедување. Не сум изнеанден од оваа мобилизација, задоволен сум.“
„Пораката која е испараќем е дека сите ние во светот и посебно во Франција, скаме да продолжи да живее слободата, братството меѓу народите. Почитувајќи го секој. Треба да се почитуваат правата и обврската за да им да ги пренесеме на нашите деца вредностите на слобода и братство.“
За нивната безбедност се грижат околу 2.300 припадници на силите на редот. 24 мобилни единици на француските безбедносни сили, дваесетиниа екипи на Антикриминалната поливија. 56 екипи на мотоцикли. На покривите и на стратегиските места се поставени елитни стрелци, проверени се сите канализации и метрото.
Во француското министерство за внатрешни работи се одржа состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ и САД, на кој се разговараше за зајакнување и координирање на мерките за борбата против тероризмот и радикалниот ислам. Америкканскиотминистер за правда Ерик Холдер најави дека на 18 февруари во Вашингтон ќе се одржи меѓународен самит посветен на борбата против тероризмот.
Претходно, домаќинот Бернар Казенев, изјави дека главните европски земји се согласиле со САД да ја подобра соработката против тероризмот. Според Казенев, европските текстови за борба против тероризмот се недовоолни. Најавено е поголема контрола на надворешните граници на ЕУ, како и усвојување на европска листа за патници во воздухопловниот сообраќај.
Франција и меѓународната заедница денес покажува дека е здружена и единствена во борбата против тероризмот и нетрпеливоста.
Тони Гламчевски
