Фирмите најмногу должат пари за ДДВ, а граѓаните за персоналец
На врвот се три фирми на контроверзниот бизнисмен со македонско потекло Ангел Кастиљо, познат по неуспешниот обид да произведува автобуси...

4.197 правни и физички лица се наоѓаат на најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи. На врвот се три фирми на контроверзниот бизнисмен со македонско потекло Ангел Кастиљо, познат по неуспешниот обид да произведува автобуси.
Тие солидарно должат неверојатни 18 милиони 236 илјади и 136 евра. На дното е физичко лице од Кавадарци од кое УЈП побарува 1.951 евро. Меѓу 10-те најголеми должници се и две фирми во стечај на осуден бизнисмен, чиј долг надминува 4 милиони евра.
Меѓу првите 400 должници само 17 се физички лица. Нивниот долг се движи од најмногу 112 илјади евра до 35 илјади за најмалиот.
Најзадолжениот граѓанин има долг од околу 112 илјади евра. На листата има и експолитичари, но и познати адвокати.
Првиот должи за неплатен персоналец, а вториот најмногу за ДДВ. Меѓу физичките лица има и странци, а најголемиот долг го имаат германски државјанин чија обврска надминува 65 илјади евра и еден србин.
УЈП ја објавува листата на даночни должници за фирми кои должат повеќе од 5 илјади евра, а за физички лица долниот праг е скоро 2 илади евра. Сите кои имаат забелешки на објавените податоци можат да се обратат до регионалната дирекција на УЈП и кај Царинската управа, советуваат даночниците.
Свето Николовски
