Електронска наместо пишана евиденција на податоците за пациентот

11.01.2015 16:19

На овој начин се формира комплетната слика за пациентот и се гради детално неговото медицинско досие...

Од први јануари, помалку администарација за матичните лекари. Нема веќе евиденција во  пишана, сите податоци ќе ги внесуваат во Централниот електронски здравствен систем. Во  изминативе 10 дена според проект-менаџерот на „Мој термин“, Милан Аризанковски, внесени се податоци за над 190 илјади пациенти.

Со електронското водење на медицинската евиденција односно медицинскиот дневник се заштедува значаен дел од времето на докторот и на медицинскиот персонал кои претходно податоците ги внесуваа двојно: во хартиениот медицински дневник и во електронскиот систем за евиденции во здравството, при што се трошеше доста време за административна работа, потенцира Аризанкоски.

На овој начин се формира комплетната слика за пациентот и се гради детално неговото медицинско досие. Во медицинскиот дневник се внесува значајна база на податоци кои се корисни за понатамошни анализи и статистички истражувања.