4 дена до Катар

11.01.2015 18:30

Како што вели народот секое зло за добро,така и поразите понекогаш може да бидат добри,но само ако од нив се извлечат поуки,Така и поразот од „експертите“ ,не само што беше очекуван туку и добредојден...

Подготовките се заокружуваат. Со две победи над Израел во Скопје, победа над Алжир и со пораз од Франција во Нант, најдобрите македонски ракометари го завршија мини-циклусот подготвителни натпревари и веќе се на завршното одредиште-Доха во Катар во очекување на стартот на светското првенство.Трите победи,особено последната над африканскиот шампион го потврдија квалитетот и основата за високите мундијалски амбиции што не беа нарушени ниту со убедливиот пораз од актуелниот европски и олимписки шампион.

Како што вели народот секое зло за добро,така и поразите понекогаш може да бидат добри,но само ако од нив се извлечат поуки,Така и поразот од „експертите“ ,не само што беше очекуван туку и добредојден. За спуштање на земја по супериорните изданија и триумфи над Израел и Алжир,но не и за разочарување,без оглед на двоцифрената разлика.Со исклучок на 7-те минути на почетокот на финалето во Нант во кои нашите ракометари не постигнаа ,а примија 7 гола,во поголемиот тек од средбата беа речиси рамноправни со фаворизирааниот противник и сигурно еден од главите претенденти за светскиот трон.Покажаната желба.борбеност и истрајност без оглед на бројките на семафорот беа и треба да се главната карактеристика во играта на нашите ракометари кои се чини како никогаш досега се единствени и сплотени на патот кон заедничката цел-што подобар пласман на светското првенство и со самото тоа обезбедување шанса за настап на олимписките игри.Како никогаш досега  ја имаат и комплетната подршка од македонската, не само спортска јавост која ја препозна желбата ,патриотизмот и неопходното единство,понекогаш клучни за успех и добар резултат. Затоа Катар е шанса,да се одигра добро,без притисок но со максимална борбеност,да се одигра засебе,но и за Македонија.