Грос највисоко на подиумот во Аделбоден

11.01.2015 18:31

Променливите временски услови,дождот и влажниот снег од минута во минута ги менуваа условите на патеката,па добрата стартна позиција за првата трка ја искористи ...

Исклучително возбудлива слаломска трка во швајцарски Аделбоден. Променливите временски услови,дождот и влажниот снег од минута во минута ги менуваа условите на патеката,па добрата стартна позиција за првата трка ја искористи германецот Фриц Допфер за убедливо водство во однос на Талер и Хиршер, но веќе во втората условите одново се менуваа што му овозможи на италијанецот Стефано Грос да надомести повеќе од 1 секунда и да триумфира со само две стотинки пред Допфер и третопласираниот Хиршер.

Сепак Марсел Хиршер го задржа водствота во генералниот пласман пред Јансруд со 152 поена и го презеде во слалом со 56 пред Нојројтер кој не освои поени во Аделбоден. Лошите временски услови беа причина за откажување на женскиот супервелеслалом во Австрија и на ски-летовите во Кулм..