Гасол го победи Милвоки
11.01.2015 18:33
Во отсуство на Роуз ,Гасол ја презеде лидерската улога кај Булси потврдувајќи ја оправданоста на трансверот од Лејкерс...

Со рекордни 46 поени и 18 скокови за својот 20 дабл-дабл во сезоната шпанскиот центар Пау Гасол го одигра својот најдобар меч во НБА-лигата и го предводеше Чикаго до триумф со 95-87 над Милвоки. Во отсуство на Роуз ,Гасол ја презеде лидерската улога кај Булси потврдувајќи ја оправданоста на трансверот од Лејкерс.
Кошкаркарите на ЛА Клиперс славеа во дербито на западната конференција против Далас со 120-100. Блејк Грифин беше најефикасен кај клиперси со 22 поена заедно со Крис Пол, кој запиша 17 поени и 13 асистенцииНа другите натпревари:Портланд – Орландо 103-92, Хјустон – Јута 97-82, Минесота – Сан Антонио 93-108, , Детроит – Бруклин 98-93, Торонто – Бостон 109-96, и Филаделфија – Индијана 93-92.
