Дитхарт е сензационален победник
Томас Дитхарт со победа и на скокалницата во Бишофсхофен, триумфално ја зврши Новогодишната турнеја во скијачки скокови. Дваесет и едногодишниот Австриец имаше извонреден настап и на последната од 4-те скокалници. Со скокови од 138.5 и 140 метри и со 296.5 бодови остана недостижен за конкурентите. Втор во Бишофсхофен беше Словенецот Петер Превц со 294.8 бодови, а трет Австриецот Томас Моргенштерн со 293.5 бодови.

Дитхарт во својот дебитантски настап е сензационален победник на Новогодишната турнеа. Имаше извонреден учинок со вкупно 1012.6 собрани бодови. Тој победнички ги заврши натпреварите во Гармиш и Бишофсхофен, трет беше во Оберздорф, а 5-ти во Инсбрук. Неговиот многу попознат сонародник Томас Моргенштерн е втор со 994.3 бодови, а трет е Симон Аман од Швајцарија со 992.4 бодови.
Во Томас Дитхарт Австрија го доби својот 14-ти севкупен победник во 62 годишната традиција на 4-те скокалници.