Седум години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце
12.01.2015 08:33
На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце ќе присуствуваат и министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, припадници на ЗОК и вбр на АРМ, претставници од општината Петровец...

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе биде одбележана седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на Армијата на Република Македонија кои се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
По тој повод делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, припадници на Воздухопловната бригада (вбр) на АРМ, како и членови на семејствата на загинатите војници, ќе положат венци цвеќе на спомен обележјата во касарната и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.
На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце ќе присуствуваат и министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, припадници на ЗОК и вбр на АРМ, претставници од општината Петровец.
