Над илјада граѓани побарале медицинска помош на „Ало докторе“ во изминативе седум дена

12.01.2015 09:06

Јавувањата најчесто биле за респираторни симптоми, кашлица, настинки и покачена телесна температура во најголем број случаи од временските услови, односно ниски температури, соопштуваат од Здравствениот дом- Скопје...

Изминативе седум дена на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ медицинска помош побарале 1.109 лица.

Јавувањата најчесто биле за респираторни симптоми, кашлица, настинки и покачена телесна температура во најголем број случаи од временските услови, односно ниски температури, соопштуваат од Здравствениот дом- Скопје.

Јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија, доколку било потребно. На две лица поради здравствената состојба за која ја повикале линијата „Ало докторе“ повикот бил пренасочен кон Службата за Итна медицинска помош 194!

Од кога започна со работа телефонската линија за медицински совети, вкупно 17.012 граѓани побарале помош.

22 доктори се достапни за медицински совет. Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.