Нојројтер најбрз во Бормио
Феликс Нојројтер славенички ја зврши првата трка од Светскиот куп во алпско скијање во 2014 година. Тој победи во третиот машки слалом во сезоната, кој се возеше на патеката во познатиот италијански скијачки центар Бормио. По исклучително изедначеното прво возење Германецот Нојројтер постигна најдобро вкупно време од 1:59.75. Ова е шеста негова победа во кариерата во трките од Светскиот куп. Австриецот Марсел Хиршер кој беше најбрз по првиот дел, е втор со заостанување од 36 стотинки зад победникот.Трет беше Италијанецот Манфред Мелг со 65 стотинки послабо време.

Во редоследот во слалом по три одржани трки води Австриецот Марио Мат со 200 поени. Во генерален пласман лидер е Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со 630 поени.