Се укинуваат бандеролите за средствата за заштита на растенијата

12.01.2015 11:33

Не даваа никакви ефекти, а беа само дополнителен трошок за земјоделците...

Бандеролите за пестицидите не дадоа ефекти. Секое пакување досега мораше да има бандерола издадена од министерството за земјоделство.

По неколку години од воведувањето, освен што работењето се отежна, а цените скокнаа, други резултати немаше.

Се решава и проблемот со употребената амбалажа од пестицидите. Обврската ќе ја имаат трговците.

Трошоците за собирање и нејзинo уништување, ќе бидат на товар на производителот, увозникот или земјоделската аптека.

 

Методија Трајков