Отворена канцеларијата за информации за проектот „Купи куќа, купи стан“
Канцеларијата, која е во рамки на Министерството за финансии, работи секој ден од 10 до 15 часот. Во неа граѓаните можат да добијат информација како до субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14.000 евра...

Голем интерес кај граѓаните уште од првиот ден за Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“. Уште од 10 часот Министерството за финансии прима посетители заинтересирани за проектот „Купи куќа, купи стан“.
Канцеларијата, која е во рамки на Министерството за финансии, работи секој ден од 10 до 15 часот. Во неа граѓаните можат да добијат информација како до субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14.000 евра неповратни средства, каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќа. Канцеларијата има за цел максимално да ја поедностави постапката и граѓаните најбрзо да дојдат до сопствен дом, соопштуваат од Министерството.
Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои го немаат решено станбеното прашање. Владата преку исплата на 50 % или 75 % од ратата или учеството на станбениот кредит им помага на граѓаните да го решат ова животно прашање.
