Јанакиески: Сите патишта се проодни, нема поголеми дефекти со електричната енергија
12.01.2015 12:25
Вчера имавме и поефикасна интервенција од страна на „Македонија пат“ и приватните ангажирани лица, истакна Јанакиески...

Сите магистрални и регионални патишта и автопати се проодни, а нема и поголеми дефекти со електрична енергија, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот состанок на Координативното тело формирано за следење на состојбите со времето.
Вчера имавме и поефикасна интервенција од страна на „Македонија пат“ и приватните ангажирани лица, истакна Јанакиески.
Министерот Јанакиески информираше дека посебни екипи биле сконцентрирани на регионалниот пат кон Вевчани и дека патиштата до Вевчани се проодни, така што сите граѓани кои сакаат да го посетат Вевчанскиот карневал може слободно да патуваат.
