Радикални мерки за безбедност во Франција по терористичките напади
Денеска во Париз е во тек вонредна седница на француската влада. Министрите ќе разговараат за превенцијата на тероризмот и начинот...

Франција се уште е во шок по терористичките напади. Властите преземаат радикални мерки за безбедност. Мобилизирани се 10.000 војници кои ќе ги обезбедуваат најкритичните места, училиштата, институциите и локациите каде што има поголема фреквенција на луѓе. Францускиот претседател, Франсоа Оланд, предупреди дека земјата се соочува со најголемата опасност во историјата на државата.
Денеска во Париз е во тек вонредна седница на француската влада. Министрите ќе разговараат за превенцијата на тероризмот и начинот. Светските лидери кои го осудија овој атак врз слободта на изразување, несебично понудија помош.
„Доаѓаме од различни земји со различни култури, но денеска сите сме заедно и сочувствуваме со луѓето од Франција по нападите. Ние сме заедно не само во болката туку и во солидарноста и подршката која треба да му ја дадеме на францускиот народ“, изјави Џон Кери, државен секретар на САД.
Францускиот премиер Мануел Валс, изјави дека продолжува потрагата по Амет Бумедије, која е оосомничена дека бола планер на теророт во кои загинаа 17 луѓе. Според полициски информации од турското МНР, Бумедијен е во Сирија, а границата ја минала на 8-ми јануари. На вчерашниот Марш на солидарноста, кој ги спои луѓето, но и политичарите од целиот свет, учествуваа безмалку 4 милиони луѓе.
„Беше толку добар човек, толку пријатен. Не можев да поверувам кога го слушнав неговото име на телевизија. Чувствувам толку голема болка“, рече пријател на една од жртвите.
Терористичката драма почна со нападот на редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ на 7-ми јануари. Притоа терористите убија 12 лица, по што следеше и драмата со заложниците во продавницата во Париз.
Марија Петковска
