Сопругата на Шуми сака приватност
Корина Шумахер, сопругата на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел, побара разбирање од новинарите и ги замоли да ја напуштат болницата во Гренобл.
„За мене е важно да престанете да вршите притисок на лекарите и да оставите тие да ја вршат работата најдобро што знаат. Затоа ве замолувам да ја напуштите болницата“, им рече ѓ-ѓа Шумахер на новинарите кои се во Гренобл каде што Михаел е во кома по несреќата на скијачката патека во Мерибел. Тој се уште е во состојба на индуцирана кома и се бори за животот.

Корина и Михаел се во брак од 1995 и имаат две деца, 16-годишната Џина-Марија и 14-годишниот Мик.