Новиот амбасадор на САД во февруари во Македонија
12.01.2015 13:20
Тој е дипломат од кариера, а во Македонија доаѓа од позицијата заменик-амбасадор во Турција. Ова му е прва амбасадорска мисија...

Џес Бејли, наследникот на Пол Волерс во почетокот на февруари стапува на функцијата Амбасадор на САД во Македонија.
Тој е дипломат од кариера, а во Македонија доаѓа од позицијата заменик-амбасадор во Турција. Ова му е прва амбасадорска мисија.
Неговото сведочење пред Сенатот предизвика реакции во Македонија, откако го употреби изразот „словенско население“ за да направи разлика меѓу Македонците и Албанците во земјава.
