Нигериската војска бара поддршка во борбата против Боко Харам

12.01.2015 13:54

Организацијата за човекови права Амнести интернешенл соошти дека има извештаи дека е запален еден град и дека се убиени дури 2.000 лица, што се смета за најсмртоносниот масакр во историјата на Боко Харам...

Нигериската војска побара поддршка во борбата против Боко Харам, откако екстремистите нападнаа клучен град на североистокот од земјата. 
 
Организацијата за човекови права Амнести интернешенл соошти дека има извештаи дека е запален еден град и дека се убиени дури 2.000 лица, што се смета за најсмртоносниот масакр во историјата на Боко Харам.
 
Нигериската војска во повеќе наврати е критикувана поради неуспехот да го заврши шестогодишниот бунт, но и поради обвинувањата за прекршување на човековите права.