Акциска контрола: Десет казнети и еден затворен угостителски објект во Тетово и Гостивар
12.01.2015 14:12
Исто така глоби се изречени и за деветмина, кои биле затекнати со цигари во затворен простор...

Уште 15 угостителски објекти биле контролирани вчеравечер во Тетово и во Гостивар. Даночниците, пазарната инспекција и полицијата казниле 10 ресторани. Еден е затворен.
Изминативе три дена во акциската контрола во Западна Македонија под лупа беа 43 угостителски објекти од кои парични казни се изречени во 28, во висина од над 50 илјади евра.
Исто така глоби се изречени и за деветмина, кои биле затекнати со цигари во затворен простор.
29 ресторани добија времени забрани за вршење дејност од 15 дена до 30 дена.
