Зимските олимписки игри во Сочи...

Сочи ги отвори портите за новинарите

07.01.2014 14:30

На еден месец до почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, почна да рабори прес – центарот од каде што новинарите ќе ги пренесуваат вестите од олимписките борилишта до сите светски меридијани. Тој е во непосредна близина на Олимпискиот парк, а се простира на површина од 158 000 метри квадратни. Со оглед на неговата грандиозност, се проценува дека во еден момент може да опслужи повеќе од 6500 новинари.

Прес - центарот ќе работи деноноќно од 24-ти јануари, за тогаш е е закажано неговото свечено отворање, а Олимписките игри во Сочи се од 6-ти до 23-ти февруари. Македонската телевизија ги има правата за пренесување на овој настан, а во 17-те олимписки дена ќе ви понудиме богата олимписка програма на МРТ 1 и на Собранискиот сервис.