Сеул подготвен за самит со Пјонгјанг

12.01.2015 14:18

Двете страни технички се уште војуваат, бидејќи Корејската војна во 1953 година завршила со примирје, а не со мировен договор...

Јужнокорејската претседателка изјави дека е подготвена за одржување состанок на највисоко ниво со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун без предуслови и го повика Пјонгјанг да му се врати на дијалогот.

Претседателката смета дека крајот на севернонуклеарната програма би тебало да е важен дел од разговорите за мир на корејскиот полуостров, но и дека не е услов за да се одржи самитот.

Двете страни технички се уште војуваат, бидејќи Корејската војна во 1953 година завршила со примирје, а не со мировен договор.

Близу 2 милиона војници се распоредени од двете страни на границата.