Паника на глобалниот нафтен пазар, цената паѓа 9-ти ден по ред!

12.01.2015 14:40

Прогнозите се дека во 2015- та година дневниот вишок во производството на нафта ќе изнесува до 1,5 милиони барли, доколку ОПЕК не интервенира со рез на производството, и тоа во време на намалување на потрошувачката...

Цената на нафтата паѓа веќе 9-ти ден. Прогнозите се дека во 2015- та година дневниот вишок во производството на нафта ќе изнесува до 1,5 милиони барли, доколку ОПЕК не интервенира со рез на производството, и тоа во време на намалување на потрошувачката.

Освен тоа, Саудиска Арабија којашто е главен извозник на нафа ја намали цената за европските купувачи за да го задржи пазарниот удел, а и ОПЕК ја намали цената на нафтата што ја продаваат на американските рафинерии.

Политикита на цената на нафтата дополнително се искомплицира, откако американците го отворија фронтот во глобалната борба за удел на пазарот на нафта, дозволувајќи испорака и до 1 милион барели деневно на лесна нафта.

За Русите, падот на цената на нафтата е силен удар, бидејќи дури 50 насто од приходот на државниот буџет зависи од нафтата и гасот. Рускиот претседател Путин критизирајќи ги економските санкции од САД и ЕУ, рече дека ќе возврати со соодветни мерки.

„Сме преживеале и потешки работи, на казнените мерки ќе вратиме на соодветен начин“, нагласи Путин.

Веста со олеснување ја прифатија потрошувачите, бидејќи полнењето на резевоарите во автомобилите ќе ги чини двојно помлаку пари.

Но, добите познавачи на сотојбите на пазарот на црното злато сепак оценија дека ниските цени негативно ќе се одразат врз економиите на национално, и на глобално ниво.

 

Мирјана Василева