Најавеното ослободување на Вранишковски предизвика интерес во Србија
Руската православна црква да биде само гарант, а не и посредник. Македонската православна црква- Охридска архиепископија треба директно да преговара со Српската црква за случајот Вранишковски- смета адвокатот од Белград, Тома Фила...

Речиси сите српски медиуми ја пренесоа веста за условното ослободување на Зоран Вранишковски. Во текстовите се пренесува одлуката на Кривичниот суд за неговотото ослободување- доколку нема жалби, до Водици, на 19-ти јануари.
Пренесувајќи ја веста од Скопје, медумите Вранишковски го именуваат како српски епископ и архиепскоп на ПОА, а МПЦ- како некаконска црква, наведувајќи ги хронолошки настаните кои доведоа до вакавата одлука и причините за затворската казна за проневера на 250.000 евра.
Од СПЦ и други институции засега нема никакви официјални реакции. Она што досега беше став на СПЦ е дека услов за разговори е ослободувањето на Вранишковски.
Но, како што дознава МТВ од Тома Фила, кој е еден од советниците на патријархот Иринеј, во СПЦ по ослободувањето на Јован, неофицијално се размислува за дирекни преговори со МПЦ, без посредништво на РПЦ, која би требала да биде само гарант на евентуалниот договор.
„Идејата да посредува РПЦ не е добра. Мислам дека не е потребно меѓу два братска народа како што сме ние, Македонците и Србите, да треба некој да ни посредува. Тие ќе седнат и ќе најдат чаре. Мислам дека идејата русите да имаат некаква улога е во насока рускиот патријарх да биде гарант, а кога би се потпишал договорот- тој да се имплементира во целост“, објаснува Фила.
Јавноста во Србија има позитивен став во поглед на изнаоѓање позитивно решение, а како што неофицијално дознаваме, и во СПЦ расположението се движи во добра насока за надминување на предизвикот што го имаат двете цркви.
Оливер Бранковиќ- дописник од Белград за МРТ
