Вевчанскиот карневал ќе кулминира утре- најавени неколку дестици илјади гости

12.01.2015 15:23

Вечерва во Вевчани почнува главната музичка програма како најава за утрешната главна манифестација- карневалот со најоригиналните маски. „Суперхикс“ и „Прљаво казалиште“ се ѕвездите на вечерашниот концерт. На карневалските настани се очекуваат неколку десетици илјади гости...

Вевчани е подготвено за карневалот. Главната музичка програма ќе се одржи вечерва и утре кога пред посетителите  ќе се претстават повеќе значајни музички имиња од земјава и од регионот. Вечерва е концертот на  македонската група „Суперхикс“ позната по енергичните и еуфорични настапи, а веднаш по нив ќе настапи и познатиот хрватски  бенд „Прљаво казалиште“. Гости и посетители ќе има од целиот регион.
 
„За овогодинешниот карневал очекуваме неколку десеттици илјади гости како од нашата република така и од странство. Најавени ни се гости од соседните држави како од Србија, Бугарија и потврдено е нивното учество“, рече Цветомир Угриновски, првиот човек на Вевчани.
 
Светски познатата телевизиска куќа „BBC“ ќе сними документарец за оваа оригинална манифестација која ги отсликува старите традиции на Вевчанци..
 
„За 13-ти веќе ни се најавија и потврдија, два дена ќе бидат присутни“, рече градоначалникот на Вевчани, Угриновски.
 
Главното дефиле на маските на карневалот ќе започне утре на пладне. А значењето на вевчанските маски е исконско.
 
Утревечер музичката програма на Вевчанскиот карневал ќе ја предводи музичкото име кое на најдобар начин го негува традиционалниот македонски звук, групата „Љубојна Брас Фантази“ и други ѕвезди.
 
Вевчанци се подготвуваат за престојниот Вевчански карневал. За маските не сакаат да зборуваат, зато што тоа стана некако традиција. Тоа е изненадување се до 13-ти јануари со почеток од 14часот кога започнува дефилето на најдобрите маски на Вевчанскиот карневал.
 
 
Јованчо Наумоски