Иванов повика на дијалог за надминување на состојбите во високото образование

12.01.2015 18:58

Шефот на државата изразил загриженост за поделбите во академската заедница и повикал на единство и дијалог за надминување на ваквата состојба...

Студентскиот и професорскиот пленум побараа од претседателот Иванов да стави вето за да не се донесе Законот за високо образование. Во соопштението од Кабинетот на Иванов, пак, стои дека на средбата биле  дискутирани состојбите во образованието како и потребата од реформи во оваа област.

Од Пленумот изразија задоволство за можноста да се сретнат и да разговаарат со Иванов. Се надеваат на позитивен исход.

Шефот на државата изразил загриженост за поделбите во академската заедница и повикал на единство и дијалог за надминување на ваквата состојба.

Иванов утре ќе оствари средба и со претставниците на граѓанската иницијатива за поддршка на знаењто во високото образавание, но предложил на иста маса аргументите да ги соочат и со студентскиот и професорскиот пленум.

 

Викторија Тодоровска