Карневалот во Вевчани кулминира- денеска дефиле на маските
13.01.2015 09:40
Денеска во Вевчани ќе продефилираат повеќе стотици Весиличари, но и традиционалната маска зет, невеста и глупавиот Август. Покрај многубројната повеќе илјадна публика од земјава и странство, видно е присуството на дел од политичката, културната и забавната елита...

Во Вевчани владее празнична атмосфера. Познатиот Вевчански карневал и неговите василичари со нетрпение го очекуваат дефилето на маските кои секоја година будат возбуда, архаичност, но во многу случаи и вистинска слика на секојдневниот живот прикажана во еден вид комедија, но и пародија. Тајната на маските се крие се до последен момент, а со тоа и го прави овој карневал по интересен и по уникатен од било кој друг.
Денеска во Вевчани ќе продефилираат повеќе стотици Весиличари, но и традиционалната маска зет, невеста и глупавиот Август. Покрај многубројната повеќе илјадна публика од земјава и странство, видно е присуството на дел од политичката, културната и забавната елита од нашата земја како и Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска која ќе го отвори карневалот еден час пред главното дефиле, со отварање на киоскот за сувенири.
Атмосферата е навистина во знакот пред се на добрата забава како што беше и синоќа со отпочнувањето на главната музичка програма со македонскиот бенд Суперхикс а подоцна да кулминира со хрватската музичка група „Прљаво Казалиште“.
Вечерва за Василица или Стара Нова Година, посетителите ќе ги забавуваат македонската етно група Љубојна и македонската фолк ѕвезда Елена Велевска а на полноќ од општина Вевчани ќе биде организиран и голем огномет.
Традиционално на 14 Јануари во попладневните часови завршува Вевчанскиот карнавал со палење на сите маски и практично од тој момент започнува планирањето на идните уникатни маски за наредната година.
Јованчо Наумоски
