Вечер е Стара нова година, а утре Василица
13.01.2015 09:36
Слично како и на Бадник, на семејната трпеза се крши погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна...

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат православната нова година, која почнува утре на Василица.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. Слично како и на Бадник, на семејната трпеза се крши погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.
