Нови критериуми за субвенциите за производителите на житни култури
13.01.2015 11:57
Оние кои не употребуваат сертифицирано семе ќе добијат 1.000 денари помалку од лани...

Производителите на пченица , житни и индустриски култури ќе добијат по 12.000 денари по хектар доколку употребиле сертифициран семенски материјал. За другите, субвенцијата ќе изнесува 8.000 денари.
Парите ќе се намалуваат процентуално во зависност од големината на засеаните површини.
Дополнителни 1.000 денари ќе се добива и за производството на добиточната храна, а по 3.000 за сончоглед и ориз.
И оваа година ќе има по 60 денари субвенција за килограм суров тутун.
Методија Трајков
