Долгот на државата намален за 65 милиони евра

13.01.2015 12:00

Причина за континуираното намалување на долгот е намалувањето на издавањето на државни хартии од вредност како и исплатата на обврските кон ММФ, велат од Министерството за финансии...

Последниве три месеци во континуитет се намалува долгот на државата. Во ноември во однос на октомври е намален за 65 милиони евра.

Јавниот долг, кој освен долгот на централната влада го вклучува и долгот на општините и јавните претпријатија, изнесува 45,5 насто од бруто  домашниот производ, што во однос на октомври е намалување за 0,7 проценти, а во однос на септември за 1,1 насто.

Причина за континуираното намалување на долгот е намалувањето на издавањето на државни хартии од вредност како и исплатата на обврските кон ММФ, велат од Министерството за финансии.

На крајот од годинава треба да се исплати и еврообврзницата што дополнително ќе го намали државниот долг за 150 милиони евра.