Пророкот Мухамед со знак „Јас сум Шарли“ на новата насловна страница од сатиричниот магазин
На сликата повторно го има пророкот Мухамед, со солза во очите, како држи знак „Јас сум Шарли“, а над цртежот има наслов „Се е простено“...

„Шарли Ебдо“ објави како ќе изгледа насловната страница на изданието што ќе излезе во среда, седум дена по трагедијата.
На сликата повторно го има пророкот Мухамед, со солза во очите, како држи знак „Јас сум Шарли“, а над цртежот има наслов „Се е простено“.
Изданието составено од „преживеаните“ по нападите минатата недела, ќе биде отпечатено во три милиони примероци, за разлика од 60-те илјади колку што излегуваа порано, и ќе се продава во 25 земји, дел од него на 16 јазици.
„Се разбира дека ќе продолжиме и ќе ги објавиме необјавените цртежи од загинатите. Ќе биде како да се со нас, тоа ќе ни помогне“, вели Патрик Пелу, член на редакцијата.
