Вредноста на нафтата на најниско ниво од 2009-та

13.01.2015 12:08

Анализите на банкарскиот гигант Голдман Сакс покажуваат дека трендот на опаѓање ќе продолжи во наредните 6 месеци, кога енергенсот ќе достигне 39 долари за барел...

Цената на нафтата достигна 45,25 долари за барел, што не е видено од 2009 година.

Анализите на банкарскиот гигант Голдман Сакс покажуваат дека трендот на опаѓање ќе продолжи во наредните 6 месеци, кога енергенсот ќе достигне 39 долари за барел.

Растот на светските залихи им се припишува на растот на производството на нафта од шкрилци во САД и враќањето на либиската нафта на пазарот.

Ова предизвикува загриженост поради преголемата понуда и малата потрошувачка.