Се слави Христовото раѓање - Божик
07.01.2014 16:31
Православните верници денеска го слават Божик...
Православните верници денеска го слават Божик, празникот на мирот и на единството. Централното одбележување е во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан богослужеше Златоустова литургија на која присуствуваше и државниот врв. Со зборовите ,,Христос се роди, навистина се роди” , православните верници си го честитаат Божик. Денеска воедно завршува и 40 дневниот пост и овој празник се слави со богата трпеза и со мрсни јадења.
Свето Николовски
