„Фајненшал тајмс“: Меѓународната заедница да размисли за преструктуирање на грчкиот долг
13.01.2015 12:11
Британски „Фајненшал Тајмс“ анализира дека Атина и Европската унија треба да постигнат компромис за да се избегне евентуален излез на Грција од Еврозоната...

Меѓународните кредитори на Грција треба сериозно да размислат за барањето на Сириза за преструктурирање на грчкиот долг.
Британски „Фајненшал Тајмс“ анализира дека Атина и Европската унија треба да постигнат компромис за да се избегне евентуален излез на Грција од Еврозоната.
Според весникот, можно е на Грција да и биде дозволена да ја зголеми минималната плата, но за помалку од 50 проценти, колку што бара лидерот на Сириза, Алексис Ципрас.
