Инцидент во метрото во Вашингтон, едно лице го загуби животот
13.01.2015 12:29
Патниците биле евакуирани од станицата, а шест од линиите биле затворени...

Еден човек загина поради вдишување на чад што се појавил во метрото во Вашингтон. Останал заглавен во возот 20 минути додека вагонот се полнел со чад. Патниците биле евакуирани од станицата, а шест од линиите биле затворени.
„Бев на возот и одненадеж запре и брзо се наполни со чад. Кондуктерот не смируваше дека ќе не префрлат на наредната платформа. Луѓето ги фати паника, во еден миг не се гледаше од едниот до другиот крај на вагонот“, вели еден од патниците.
Уште шестмина се префрлени во болница. Патниците тврдат дека причината е проблем со електричната инсталација, но изворот на часот не е утврден по истрагата.
