Вечерва традиционална Мичуринска средба на генерации

13.01.2015 12:39

Покрај музичкиот дел неизбежно е и кршењето на традиционалната погача со златна паричка и изборот на нов кум на средбата...

Со богата културно-уметничка програма вечер ќе се одбележи 19-тата по ред традиционална Мичуринска средба на генерациите и на тој начин ќе биде дочекана Старата нова година.

Покрај музичкиот дел неизбежно е и кршењето на  традиционалната погача со златна паричка и изборот на нов кум на средбата.

На годинашнава Мичуринска средба ќе се одржи и ученичка приредба, во чија организација се вклучени мајките и учениците од основното училиште „Блаже Конески“.